СДСМ: Сега странски служби јавиле, имаме чувство дека театарот со Груби стана циркус

СДСМ

Театарот со Груби стана циркус. Имаме чувство Мицкоски. Прво граѓаните ја видоа режираната претстава на граница, доаѓањето со наочари, со насмевка, каде недостасуваше уште црвен килим за Груби.

Ова се посочува во соопштението на СДСМ денеска, кое понатаму го пренесуваме целосно:

Потоа смисленото сценарио и пречек со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола на ВМРО преку Орбан.

Па одредувањето куќен притвор од обвинителство и судство по контрола на ВМРО ОКГ.

Обвинителството прво велеше дека АНБ на Христовски и МВР на Тошковски дале безбедносна проценка дека Груби не е безбеден и затоа морале да одредат куќен притвор.

Излезе директорот на Затворот и демантираше, рече дека ниту АНБ ниту МВР не дошле и не направвиле проценка.

Вчера Мицкоски изјави дека тоа биле класифицирани информации, доверливи и не може да се соопшти. Имал чувство.

Сега излегуваат информации дека наводно „странски служби“ јавиле уште пред една година и дека безбедносна проценка воопшто не била направена од АНБ и МВР.

Циркус.

Само не кажаа која, дали српска или руска странска служба?

Веќе не знаат што да излажат. Само нешто се измисллува за да се покрие сценариото.

Исто како во времето на Никола Груевски.

Какви странски служби, какви проценки, нема посилна потврда од ова дека сè е договорено.

Зачлени се на нашиот е-билтен