СДСМ: Што ќе рече генералниот секретар на НАТО Руте за врските со Русија?

СДСМ

Со своите државнички политики СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата – за помалку од две години. Со тоа обезбедивме трајна безбедност и сигурност за државата и граѓаните, се вели во соопштението на опозициската партија.

СДСМ истакнува дека благодарение на таа  посветеност и сериозна политика што ја води СДСМ, денес во овие тешки времиња што го погодија светот, граѓаните на Македонија се помирни, побезбедни и побезгрижни.

Генералениот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска доаѓа во посета на Македонија, но прашањето е, според СДСМ; што ќе рече генералниот секретар на НАТО за назначувањето на почесниот конзул Душан Адамовиќ и за најблискиот соработник на Мицкоски- вицепремиерот Иван Стоиљковиќ кои имаат блиски врски со Русија?

Дали е тоа соодветно за земја членка на НАТО, прашува СДСМ и посочува дека со денови прашуваат и нема одговор од Мицкоски за неговите врски со Душан Адамовиќ и по кои критериуми на седница на Влада го избра својот пријател за почесен конзул на Македонија во Србија.

Нема одговори ниту за неговите ставови дека „Српска Македонија“ била окупирана, за бројните криминални афери со кои се поврзува, за неговите високи позиции во СНС – сестринската партија на ВМРО како и за неговите врски со Русија, велат од СДСМ.

Нема одговори ниту за прославите на првиот соработник на Мицкоски во Владата, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, со Ноќните волци блиски на Путин, нагласуваат од СДСМ и прашуваат дали ваквите кадри ја зајакнуваат или ја компромитираат нашата позиција во Алијансата и на меѓународен план?

Зачлени се на нашиот е-билтен