СДСМ: Што крие Мицкоски од врските со партнерот Адамовиќ? (ФОТО)

СДСМ
Мицкоски со Адамовиќ

Пред неколку дена, во македонското Собрание, на прашање на претседателот на СДСМ, Филипче, за неговата поврзаност со Душан Адамовиќ, рече дека зад неговото поставување за конзул во Србија стои македонскиот амбасадор. Мицкоски излажа.

Ова се истакнува на почетокот на соопштението на СДСМ, коешто во продолжение го пренесуваме во целост:

По закон, за назначување почесен конзул, одлука носи Владата, на седница. Зад назначувањето на Адамовиќ стои Мицкоски.

Заедничка фотографија на Христијан Мицкоски, Душан Адамовиќ и претседателот на СНС, сестринската партија на ВМРО, Милош Вучевиќ во Охрид покажува дека постои и поинаква поврзаност и поцврти односи помеѓу нив.

Адамовиќ е негов пријател и бизнис партнер!  Човек со криминално минато. Висок функционер на СНС, сестринската партија на ВМРО која беше вмешана во нарко скандалот со 5 тони дрога запленети врз основа на информации од ДЕА во соседна Србија.

Сè е лага до лага. Граѓаните веќе гледаат дека зборовите на Мицкоски не значат ништо.

Со право прашуваат: Што точно крие Мицкоски од јавноста?

Зошто Мицкоски го постави токму Душан Адамовиќ за почесен конзул? Кои се нивните бизнис релации? Имаат ли некаква врска со струја?

СДСМ ќе продолжи да ги отвора овие прашања додека јавноста не ја дознае целата вистина.

Зачлени се на нашиот е-билтен