Скопје во колапс, Орце и ВМРО ги изненади снег во јануари. Градот е парализиран, сообраќајакот е во хаос. Службите не функционираат, не можат со малку снег да се справат. Сега скопјани треба да чекаат да се стопи снегот по улиците за да се движат нормално, се истакнува во соопштението на СДСМ утрово.
Нема доволно возила за чистење, ама има за 161 тендер за ортаците на Орце и ВМРО. Дали ова е „Safe city“?, прашуваат од СДСМ.
Затоа СДСМ инсистира на закон кој, како и сè друго, нема да биде злоупотребен од страна на ВМРО, се истакнува во соопштението.
„Исто како што се злоупотребува и парите на граѓаните, кои преку тендери завршуваат во приватни џебови на ортаците на Мицкоски“, се предупредува во реакцијата.
СДСМ нагласува дека „како што изгледа градот денес, така ќе изгледа и цела Македонија – блокирана од сите, поради политиките што се водат. Црна точка во Европа“.