СДСМ: Со кои други функционери од ВМРО има релации криминалецот Симе?

СДСМ

Како во мафијашки филм, Македонија ја тресе огромен картелски скандал до 5 тони дрога, излегуваат слики на Мицкоски во друштв со криминалци, видео како Симе пука од автоматска пушка калашников, фрчат криминални тендери… И додека ова се случува нема одговори за главните прашања.

Ова се наведува во соопштението на СДСМ денеска, коешто го пренесуваме понатаму целосно со прашањата што ги поставува оваа партија:

Како 5 тони дрога поминале граница, кој е замешан, кој ќе одговара?

Со денови нема одговори ниту на прашањата за поврзаноста на Симе криминалец уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари кој има албум со слики со Мицкоски.

Свиркачи до СДСМ доставија и видео на кое се гледа како Симе пука со калашников и повторно нема никаква реакција на ниту една институција.

Зошто сите молчат за Симе? Кој го штити?

Со кои други функционери од ВМРО има релации криминалецот Симе?

Дали е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко?

Кој е Перо со прекар Смрт?  

Дали поради ова се штити Симе и нема одговор на ниту едно прашање?

Зачлени се на нашиот е-билтен