Со Мицкоски нема судски реформи, само партизирано судство, бидејќи прашање е дали знае што е независно судство и што претставува поделбата на власта која втемелена во нашиот устав и во поредокот на секоја демократска држава, стои во соопштението на СДСМ кое Рацин.мк го пренесува интегрално.
Ако знае, тогаш со неговите изјави во делот на правосудството и потребата од зголемување на буџетот за судството на 0,8% и за ЈО на 0,5% од БДП, е не само скандалозна, туку и опасна за владеењето на правото, опасна за демократијата и човековите права и ако сакате опасна бидејќи го руши уставниот темел за поделба на власта.
Премиере, крајно време е да сфатите дека доколку навистина цврсто стоите на заложбите за следење и имплементирање на Реформската агенда и Планот за раст, тогаш тоа подразбира меѓу другото и ефикасен и независен судски систем!
Дали треба да ве потсетиме дека во финалниот извештај на Европската комисија за владеењето на правото во ЕУ-2025, меѓу другото е констатирано дека судството во РСМ се соочува со ограничени финансиски средства, односно недоволни, но и со недостиг на вистинска финансиска независност.
Очигледно е дека оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не само што ја замајува јавноста дека опстојува на европскиот пат и реформската агенда, бидејќи ниту еден реформски закон не е ниту изготвен, а камо ли донесен согласно јасниот план и агенда, туку веќе со изјави на омаловажување и дискредитација на судиите и јавните обвинители, уште повеќе го разнишува нивниот кредибилитет, а со тоа и довербата на јавноста во правораздавањето.
Премиере Мицковски, Правосудството треба самостојно да решава за сопствениот буџет заради: повеќе стручни соработници и друг стручен и технички персонал за кој недостатокот е повеќе од алармантен.
Техничко екипирање и дигитализацијата и секако плати на судии и обвинители, но и на стручниот и техничкиот персонал со што ќе биде вратено достоинството но и ќе се зголеми отпорноста кон коруптивни дејствија, но и отпорноста на политички влијанија.
Ако премиерот или министерот за правда чуле и знаат за Бенгалорските принципи кои почиваат на клучното, а тоа е градење механизми кои ќе ја спречат политизацијата на судството.
Но очигледно е дека целта на оваа влада не е независно судство, а со тоа ниту владеење на правото. Како поинаку да ја толкуваме изјавата на премиерот дека логична била промената на членовите на работните групи кои работеле на изработка на реформските закони, бидејќи дошол нов министер, но никако несакал политички импут!?
Да не е трагично, би било смешно!