СДСМ со видео од терен: Ни траг од фирмата што дoби тендер од МВР, ниту табла, ниту вработени

СДСМ денеска излезе на терен за да ја пронајде фирмата којашто доби тендер вреден 4 милиони евра од МВР и којашто е регистрирана само 20 дена пред распишување на тендерот.

Еве што открија и што порачуваат од СДСМ:

Се наоѓаме пред зградата во општина Карпош во Скопје, на адресата каде што, според официјалните документи, е регистрирана една од фирмите која доби тендер вреден 4 милиони евра од МВР.

Станува збор за адреса на фирмата којашто е основана само 20 дена пред распишување на тендерот, Улица Орце Николов 188/2-11 Скопје.

И што најдовме тука? Апсолутно ништо!

Нема нема табла, нема вработени, нема ниту трага од компанија што би можела да спроведе сериозна јавна набавка, а камо ли специјализирани униформи за полицијата.

Како е регистрирана оваа фирма?

Дали фирмата има фиктивно седиште?

Тошковски е фатен жив во голем скандал и мора да одговори.

Како е можно една „компанија“ без капацитети, без историја, без вработени, да добие тендер во МВР вреден 4 милиони евра за униформи?

Ова не е обичен тендерски скандал.

Ова се основани сомнежи за системска корупција, која оди до самиот врв на власта.

СДСМ бара итна истрага од Јавното обвинителство и понуштување на овој скандалозен тендер.

Парите на граѓаните не се за партиски и бизнис зделки на министрите од ВМРО-ДПМНЕ!

СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива секоја сомнителна зделка на оваа корумпирана власт. Одговорност мора да има!

Зачлени се на нашиот е-билтен