Во соопштение до јавноста СДСМ денеска упатиме искрено извинување до медиумите и до јавноста, за последното соопштение во коешто се споменува Викторија Трајков.
„Поради ненамерна грешка, беше споделена стара содржина која не е релевантна за тековните случувања“, се вели во соопштението. „Нашата намера никогаш не е да создадеме погрешна слика за актуелните состојби. Веднаш по согледувањето на пропустот ви го испраќаме ова извинување“.
Во дописот до јавноста на СДСМ се изразува благодарност на разбирањето и уверуваат дека транспарентната и точна комуникација останува на партијата.