СДСМ: За ВМРО членството во НАТО е предавничка политика

СДСМ

Со своите државнички политики СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата – за помалку од две години. Со тоа обезбедивме трајна безбедност и сигурност за државата и на сите наши граѓани, се вели во соопштението на СДСМ.

СДСМ посочува дека денеска, во услови на безбедносни ризици се гледа колку тоа било значајно. „Зад нашата безбедност, зад сигурноста на граѓаните на Македонија стои најмоќниот сојуз – НАТО“.

„И токму на денот на посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на Македонија, се покажаа вистинските лица. ВМРО-ОКГ излезе со став дека членството во НАТО е „предавничка политика“ на СДСМ и дека тоа било „распродажба на државните интереси“. Ја навредуваат Македонија, ја понижуват, ги навредуваат граѓаните“, нагласуваат од СДСМ.

 Со оглед на врските на првиот вицепремиер Стоиљковиќ и Адамовиќ со Русија дали ова е и намерен потег, како што прават намерни провокации и навреди кон соседите? Така изгледа „патриотизмот“ на ВМРО на дело, оценува опозициската партија

Левица која станува контролирана опозиција, со транспарент против НАТО во македонското Собрание го пречека генералниот секретар, смета СДСМ.

„Руте упати јасни пораки до македонската владата на Мицкоски и ВМРО дека кинеските пари кои преку Орбан ги земаат за  кредити не се добредојдени. Сега граѓаните имаат кристална слика“, се вели во соопштението на СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен