„Денес откриваме нов скандал со изградбата на затворениот пазар во Неготино. Иако помпезно го отворија Мицкоски и градоначалникот Стојанов, пазарот е изграден без соодветно одобрение за градење, а се води како ‘поставување на урбана опрема’“, истакна денеска на птрес конференција Лолита Ристова, членка на Извршен одбор на СДСМ.
Нејзината изјава од прес конференцијата следува во целост:
Замислете, градоначалникот Стојанов, на фирмата МАСТЕФ ДООЕЛ и издал одобрение за поставување на урбана опрема. 17 тони железо, изградени на бетонска подлога од 420м2 со 90 тезги внатре се третираат како урбана опрема?

Зошто е избегнато издавање на соодветно одобрение за градење во соодветна постапка. Особено од аспект на статиката и сигурноста на објектот.
Како е можно два објекти изградени во толкав габарит кој лежи на 17 тони железо да се третира како „поставување на урбана опрема“?
И клучното прашање дали ваквиот објект над главите на неготинчани е безбеден?
Нашата загриженост е оправдана, имајќи предвид дека несоодветно поставување на материјали беа дел од причините за трагедијата во Нови Сад.
Сомнежите околу изградбата на пазарот е и од аспект на финансиски аспект.
Зад проектот повторно стои една од омилените фирми на ВМРО-ДПМНЕ – МАСТЕФ ДООЕЛ, која редовно добива тендери во општини под нивна контрола, особено со пари од унгарскиот заем.
Проценетата вредност на проектот е 25.960.000 денари, а договорот е склучен речиси за истата сума – 25.914.000. Без конкуренција, без намалување на цената, без домаќинско работење.
На прашањето колку пари на граѓаните на Неготино се потрошени за оваа зделка и дали сумите се реални ќе зборуваме детално во наредните денови.
Ако ова се потврди, ќе биде уште едно кривично дело во серијата сомнителни тендери на ВМРО-ДПМНЕ.