СДСМ: Зошто актуелниот директор на ДПИ не е опфатен со истрагата за Кочани?

Не денешната прес конференција на СДСМ, што ја одржа Јон Фрчкоски, директор на Центарот за истражување и анализа, беше изразена длабока загриженост дека истрагата се води селективно и дека е насочена само кон поранешни функционери и службеници.

„Досега, може да заклучиме дека целосно се игнорираат тие кои биле на функции токму во времето кога се случила трагедијата во Кочани. Според јавно достапните информации, двајца поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) се опфатени со истрагата поради наводно непостапување и логично се наметнува прашањето зошто актуелниот директор на ДПИ, Влатко Стојкоски не е опфатен со истрагата?“, беше посочено на прес конференцијата.

Од СДСМ сметаат дека актуелното раководство на ДПИ носи дури и поголема одговорност за надзорот врз објектот „Пулс“ во период пред и за време на кривично-правниот настан. На пресот беше речено дека „Државниот пазарен инспекторат има надлежност да врши надзор над примената на законите а има и законска обврска да одреди и забрана за работа од 30 дена доколку не се исполнети законските услови“.

„Дали сето ова било спроведено во мандатот на актуелниот директор на ДПИ? Дали постоеле сознанија за прекршувања на законите? Или некој свесно не постапил? Ова се легитимни прашања на кои истрагата треба да даде одговор“, истакна Јон Фрчкоски.

Тој нагласи деа „јавноста има право да знае зошто, ако се гони поранешни директори на ДПИ, актуелниот директор е се уште амнестиран, иако ја носи директната надлежност во критичниот период“.

„Селективната правда не е никаква правда. Доколку се штитат поединци блиски до власта, довербата на граѓаните во правосудниот систем ќе биде целосно урната, а чувството на неправда – уште подлабоко. СДСМ бара целосна, независна и неселективна истрага. Правдата мора да биде задоволена и да биде еднаква за сите“!”, порачаа на прес конференцијата на опозициската партија.

Зачлени се на нашиот е-билтен