Се очекува прогласување кризна состојба, Мицкоски лично ќе ја соопшти

кризна

Владата ќе прогласи кризна состојба поради значителниот раст на цените на горивата, дознаваат медиуми со пристап до владини извори пред денешната седница.

Според информациите на овие медиуми, на вонредната седница ќе се разгледуваат мерки за спречување на нов ценовен шок, кој се очекува да биде објавен од Регулаторната комисија утре.

Според нивните информации цената на дизелот би можела да се зголеми за околу 10 денари по литар, додека безоловниот бензин за дополнителни 6 денари по литар. Проценките се правени врз основа на цените на светските берзи.

Како дел од мерките, Владата ќе разгледува интервенции во даночната политика со цел да се ублажи притисокот врз граѓаните, а на маса ќе биде ставено и прашањето за евентуално спречување на поскапување на електричната енергија.

По завршување на седницата, се очекува обраќање на премиерот Христијан Мицкоски, на кое ќе бидат соопштени донесените одлуки, навестуваат медиумите со пристап до владини извори.

Зачлени се на нашиот е-билтен