Се преживува ли со 13 евра на ден? – Македонија на дното со минималец од 395 евра

Минималната плата од 24.379 денари (395 евра) конечно легна на сметките, но Македонија остана последна во регионот. Дури и Албанија сега има повисок минималец – 402 евра, додека Србија, БиХ и Црна Гора одамна нè претекнаа со над 450, 600 и 800 евра соодветно.

Според Синдикатот, над 25.000 лица примаат минимална плата, а 10.000 работат за помалку – што е кривично дело. Проблемот со платите „во плик“ ја чини државата околу 250.000 евра годишно во неплатени придонеси.

Од УЈП информираат дека досега 59.681 обврзник поднел МПИН-пресметки за март, а над 30.000 веќе ги исплатиле платите.

Ниските примања се главна причина за одливот на работници. Само од градежниот сектор се иселиле 13.000 работници, а околу 100.000 граѓани преживуваат со 100 денари дневно.

Синдикатите предупредуваат: ако нема промени, младите ќе заминат, а старите ќе осиромашат.

Зачлени се на нашиот е-билтен