Се зголемува бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја

македонски
Tashkoskim, CC BY-SA 3.0 , via Wikimedia Commons

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека се зголемува бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја.

Според МНРсо сите нив се одржува постојан контакт и се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација.

– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи, велат од Министерството.

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вчера беше формиран кризен штаб кој е на 24 часовно располагање на граѓаните за сите информации. 

За дополнителни информации и помош, на располагање се:

СОС дежурен телефон (МНРНТ):

075/273-732

Амбасада на Република Северна Македонија во Доха

Тел: +974 50 173 111

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби

Тел: +971 56 441 7532

Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566

Тел: +972 54 967 0546. 

Зачлени се на нашиот е-билтен