Шок во Крива Паланка: Куче влечено врзано за автомобил, спасено по брза реакција

Во близина на Крива Паланка е забележан вознемирувачки случај на суровост кон животните, каде куче, врзано за автомобил, било влечено по пат. На фотографии објавени на социјалните мрежи се гледа како животното беспомошно лежи на асфалтот, додека возачот седи зад воланот.

Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство веднаш реагирале по пријавата, лоцирале и одзеле кучето, кое е згрижено и моментално се наоѓа во стабилна здравствена состојба.

Овој случај предизвика лавина од реакции во јавноста и повици за построги казни за сторителите на вакви дела.

Зачлени се на нашиот е-билтен