„Вечерва во Мадрид пристигнаа седум пациенти повредени во трагичниот настан во Кочани“, напиша на социјалните мрежи амбасадорот на Северна Македонија во Шпанија Едмонд Адеми.
Како што информира амбасадорот Адеми повредените се сместени во две Универзитетски клиники кои го превземаа лекувањето на овие 7 млади луѓе.
Во името на народот Северна, амбасадорот Едмонд Адеми изрази благодарност до шпанската влада, шпанското министерство за здравство и регионот на Мадрид и напиша дека амбасадата ќе биде на целосно располагање во текот на нивното лекување во Мадрид.