Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Штекли објави фотографија на Инстаграм по нападот со бомба

Раде Трајковски-Штекли објави нова фотографија на „Инстаграм,“ само неколку часа откако во дворот на неговата куќа беше фрлена експлозивна направа, по што заврши во болница. На фотографијата се гледаат раните од претходни куршумски повреди, со кои Штекли се здоби во минатите два инциденти, а фотографијата е придружена со песната „Мафија.“

МВР не даде информации за приведување на сторителите на нападот.

Експлозијата се случила рано утрово, од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот.

Бомбата била фрлена во 9.20 минути, а по експлозијата Штекли бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му биле констатирани телесни повреди.

Во околината на домот на Трајковски утрово имаше поголемо присуство на полициски екипи. Полицијата со ленти го обезбеди местото, не дозволувајќи никој да се приближува. Екипи на крим техника трагаа по докази кои би ги довеле до сторителот на делото.

Од болницата „Св. Наум Охридски“ информираа дека Трајковски се здобил со изгореници, но е надвор од животна опасност. Врз неговите повреди ќе се направат дополнителни испитувања на скопските клиники.

Инаку, ова е трет напад врз Трајковски, откако минатата година во период од два месеци тој беше цел на напади во трговскиот центар „Ист Гејт“. Дел од медиумите пак јавија дека нападот бил најавен на тик ток – скопје керамидница, спроти Ист Гејт, стигнува катаклизма, стои во видео пораката.

Зачлени се на нашиот е-билтен