Што го советува претседателот на УО на Дрисла Димитровски, како советник на Мицкоски???

Што го советува претседателот на УО на Дрисла Димитровски премиерот Мицкоски?

СДСМ денеска преку соопштение нагласи дека со Дрисла (која деновите со чад и миризба го труе половина Скопје) управува ВМРО-ДПМНЕ, заеднички со ДУИ.

„Даме Димитровски, актуелниот советник на Христијан Мицкоски за животна средина во Владата и поранешен претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, е претседател на Управен одбор на Дрисла, https://drisla.mk/organizacziona-struktura/ 

Претходно ВМРО-ДПМНЕ имаше и директор на Дрисла, Јане Мицевски, магистер за туризам и менаџмент. Со депонијата Вардариште пак со децении управуваат градоначалници на ВМРО – ДПМНЕ, како Коце Трајановски, Бобан Стефковски.

ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници пред четири години ветуваа ‘затворање на Вардариште, намалување на стакленички гасови, покривање и озеленување’. Тимчо Муцунски ветуваше ‘дислокација на претоварната депонија Вардариште’.  Мицкоски и Арсовска ветуваа ‘зелена зона Вардариште’ со спортско-рекреативни терени. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше ‘фабрика за селекција на отпад’ во ‘Дрисла’. Денеска ништо од ова не е исполнето“, велат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен