Што значи да се биде дел од СЕПА?


Македонија станува дел од СЕПА – единствената област за плаќање во евра. Земјава е меѓу првите од регионот кој се приклучуваат кон СЕПА, заедно со Албанија и Црна Гора.

Од Народната банка на брифинг со новинарите велат станува збор за долг но ефективен процес, а влезот на земајата ќе овозможи побрзи, поевтини и побезбедни трансакции во евра кон европските земји и за граѓаните и за фирмите. На ниво на регионот од Западен Блакан од страна на сВетска банка е проценето дека годишно ќе се заштеди околу половина милијарда евра.

„По приклучувањето на земјата во СЕПА, кое е потврда за усогласената правна рамка на земјата со регулативите ни директивите во ЕУ, се овозможува приклучување на домашните даватели на платежни услуги (банките) на тежните шеми на СЕПА за што секоја банка одделно треба да обезбеди примена на истите правила и стандарди за извршување на плаќањата.“ – НБРМ .

СЕПА трансакциите имаат пониски надоместоци од традиционалните меѓународни трансакции. Од народната банка велат трансефрите на СЕПА се обработуваат во рок од еден ден, а кај инстант плаќањата, преносот на парични средства се извршува за 10тина секунди. Фирмите ќе можат полесно да се вклучат во прекуграничната трговија со стоки и услуги во земјите дел од СЕПА, а со тоа и да го прошират својот бизнис и да ја зголемат конкурентноста.

Со пристапувањето на земјата, домашните банки ќе станат директни усченици во платните системи кои функционираат во СЕПА што практично значи дека ќе се избегнат т.н комплексни коресподетни аранжмани што сега ги имаат банките, што пак ќе услови поевтин и побрз пренос па пари.

Дополнитлено од НБРМ, посочуваат дека според анализите со членстовото, покрај останатите придобивки, ќе се намали и сивата економија, а претставува значаен чекор и кон финансиска интеграција во ЕУ. Дел од СЕПА во мометнов се 38 земји.

Гувернерката Ангеловска- Бежовска пред еден месец истакна дека нашето барање за пристап кон СЕПА е поднесено во јули минатата година, што е одраз на повеќегодишните напори за усогласување на нашата финансиска регулатива со европската. Пристапот кон СЕПА би бил историски исчекор којшто ќе им овозможи на нашите банки, и покрај тоа што не сме членки на  ЕУ, да пристапат на европските платежни системи. Ова треба да доведе до побрзи, посигурни и поевтини прекугранични плаќања. Во моментов, за плаќања од ЕУ кон земјите од Западен Балкан трошоците се повисоки за 12 пати во однос на трошоците за плаќање помеѓу земјите од ЕУ.

За да се искористат овие можности, од голема важност е банките да се подготват оперативно. „Иако придобивките од пристапувањето во СЕПА се јасни, мора да признаеме дека нѐ очекуваат и предизвици. Заедно со банкарскиот сектор посветено ќе работиме на обезбедувањето целосна подготвеност за интегрирање во СЕПА до октомври 2025 година, што е првиот можен датум за влез на банките од земјите од Западен Балкан коишто се членки на СЕПА. Народната банка, во соработка со меѓународните партнери, ќе работи и во иднина на поттикнување и олеснување на овој премин, обезбедувајќи техничка поддршка и регулаторен надзор за непречен и ефикасен процес на интеграција“, нагласи Ангеловска-Бежоска.

Министерството за европски прашања ја поздравува одлуката на Европскиот платен совет (ЕPC) за проширување на географскиот опсег на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), со што Северна Македонија вчера стана дел од оваа значајна европска финансиска зона.

Членството во СЕПА значи полесни, побрзи и поевтини трансакции за граѓаните и компаниите. Дознаките од ЕУ ќе пристигнуваат побрзо и со пониски трошоци, а бизнисите ќе имаат поедноставени плаќања во Европа. Исто така, членството ќе ја зајакне меѓународната доверба во финансискиот сектор на Северна Македонија и ќе ги продлабочи трговските односи со Европската економска област.

Според календарот на EPC, нашите финансиски институции ќе започнат со пристапување кон СЕПА во април 2025 година, а оперативната подготвеност на давателите на платежни услуги е предвидена за 5 октомври 2025 година.

Со ова значајно достигнување, Северна Македонија станува дел од единствениот европски пазар на плаќања, што претставува уште еден конкретен чекор на Владата кон европската економска интеграција и подобрување на финансиските услуги за граѓаните и компаниите. Пристапувањето во СЕПА е конкретна придобивка од Планот за раст земјите од Западен Балкан во контекст на забрзаната интеграција.

Зачлени се на нашиот е-билтен