Во јануари годинава биле регистрирани 28 случаи на шуга од кои 16 во Скопје, а истите не биле поврзани, па затоа и се спречила епидемија. Во периодот од 2014 до 2023 година, најмногу заболени имало во 2015 година кога се евидентирани 527 лица, а најмалку во 2021 година кога имало 151 лице заболено од шуга. Двајца постари пациенти, префрлени од домови за стари лица на скопските клиники, исто така биле дијагностицирани со ова заболување. Од ИЈЗ велат дека ризикот за ширење на болеста е особено висок во домови, училишта, болници или бегалски кампови.
-Важно е да се напомене дека заразеното лице може да ја пренесе болеста дури и пред да развие симптоми, што ја прави шугата предизвик за контрола, порачуваат од ИЈЗ. Најуспешен третман за шугата е антипаразитскиот лек ивермектин, кој за жал во моментот е дефицитарен, посочуваат од Клиниката за кочни болести. Пред два дена беше соопштено дека има случај на шуга во ОУ „Кирил и Методиј“ во кумановското село Романовце. Во основното училиште се преземаат мерки за да се спречи зараза на останатите ученици.