Шукова: 261 милион евра помалку странски инвестиции – ВМРО ДПМНЕ ја уништи довербата на инвеститорите

Странските инвеститори го губат интересот за вложувања во нашата држава, што е директен резултат на штетните политики, хаосот и несигурноста што ја создаде Владата на  ВМРО-ДПМНЕ. Последните податоци на Народната банка се поразителни и ја демантираат власта која упорно сака да не убеди дека државата се движи напред. Во однос на последниот квартал од 2024 година, странските директни инвестиции се намалени за 261,7 милиони евра – од 397,5 на 135,8 милиони евра. Во споредба со истиот квартал лани Во споредба со истиот квартал лани, падот е 191,4 милиони евра.

Ова се бројките што денеска на прес конференција ги претстави потпретседателката на СДСМ Каја Шукова.

„Ова е најниско ниво на СДИ од 2020 година –  година кога имаше ковид пандемија. Денес нема глобална криза, но имаме домашен економски колапс – создаден од неспособната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Само за пример, лани странски директни инвестиции беа на ниво од 1,25 милијарда евра 2024 година и тоа не поради оваа влада, туку како резултат на правилните политики на владата на СДСМ кои придонесоа за за стабилна деловна клима, предвидливост и доверба кај странските компании“ истакна Шукова.

Таа оцени дека „залудно се обидува Мицкоски да го прикрие падот на странските инвестиции за најава за нова инвестиција од 30 милиони евра. Реалноста е јасна – економијата оди надолу, а инвеститорите си заминуваат“.

„За една година успеаја да ја уништи деловната клима за странските инвеститори, што СДСМ ја воспостови. Оваа влада ниту знае ниту има капцитет како да ги задржи посточките странски инвестиции, а уште помалку да привлече нови“, оцени потпретседателката на СДСМ.

Странските компании инвестираат таму каде што има стабилност, јасни правила, економска визија и владеење на правото. Ништо од тоа не постои денес во Македонија со Владата на ВМРО-ДПМНЕ, оцени Шукова

„Реалната слика е спротивна од очекувањата на инвеститорите – влада без капацитет, нестабилна економска политика, замрзната европска агенда, партиски популизам и нефункционална дипломатија. Затоа странските инвеститори го губат интересот. Никој не сака да инвестира во држава во која премиерот прикажува лажен економски раст, а во реалноста економијата тоне. Никој не сака да инвестира во држава во која владата цела година нема донесено ниту една вистинска економска реформа. БДП-то расте само на хартија, додека граѓаните осиромашуваат  Македонија е меѓу трите најслаби економии во Европа по раст на продуктивност и индустриско производство“, посочи Каја Шукова.

Таа нагласи дека ивотниот стандард никогаш не бил полош, граѓаните имаат се помалку за живот.  За 20% е намаена купувната моќ на граѓаните- односно за 20% помалку работи можат да купат сега отколку пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт“.

„Платите не растат, а цените секојдневно одат нагоре.Македонија претпоследна во Европа по минимална плата, само Албанија има пониска минимална плата од Македонија.70% од вработените во Македонија живеат со плата под 500 евра.  Средната класа исчезнува, а младите заминуваат бидејќи нема перспектива“, рече потпретседателата на СДСМ на денешната прес конференција.

За СДСМ тоа е реалноста што ВМРО ДПМНЕ сака да сокрие – релност во која граѓаните се борат за еден оброк, додека власта се луксузира, си ги покачуваат платите и продаваат приказни дека сме четврти во Европа.

„ВМРО-ДПМНЕ ја турка Македонија назад. Немаат ниту план, ниту капацитет за развој на економијата. Тоа се потврди и со новиот ребаланс кој е јасен показател дека економијата тоне, а ВМРО-ДПМНЕ ја води државата кон економски и институционален колапс“, беше оценето на прес конференцијата.

Шукова потенцираше дека „СДСМ ќе продолжи да се бори за стабилна економија, за вистински економски, за држава атрактивна за инвестирање, за економија што носи нови работни места и подобар живот за сите граѓани“.

Зачлени се на нашиот е-билтен