Во првите денови од октомври Македонија ќе ја зафати сибирски бран кој ќе донесе нагло заладување, силен северен ветер, дожд и врнежи од снег. Според прогнозите, на планините се очекува формирање на снежна покривка од над 50 до 60 сантиметри.
Снег ќе има и во дел од градовите, особено во западните и северните региони. Синоптичките модели најавуваат и појава на мраз, што ќе значи и вистински старт на зимата уште на почетокот на октомври.