Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова во изјава за медиумите по состанокот на Советот за безбедност истакна дека „нема причини за загриженост, нашите граѓани во заливот се безбедни и се бара начин за нивна евакуација.
Како што кажа, министерот за надворешни работи информирал за растечки број на македонски граѓани во регионот на заливот и Блискиот исток кои бараат информации за евакуација и заштита. Таа рече дека во МНР е формиран штаб за евакуација и се бара начин да се евакуираат најдобро и најбезбедно во земјата.
„Луѓето се загрижени, над регионот небото е затворено за прелети. Постоеше опција за бродски транспорт од Катар, но и тоа сега не е во функција“, рече претседателката.
Таа нагласи дека е факт дека се згрижени и безбедни.
Претседателката Сиљановска Давкова рече дека според информациите што на Советот ги изнеле Агенцијата за национална безнедност, Агенмцијата за разузнавање, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, состојбата е стабилна и безбедна.
„Македонија не е озложена на нестабилност, ниту има ризик по безнедноста внатре и во регионот. Имаме систем за рано предупредување и за координица со сите органи, поврзан со постојаното следење на сстојбните. Институциите ја следат состојбата, анализираат, координираат, информираат и оценката за стаблиноста и безбедноста релевантна“; рече претседателката на државата.
Ризиците редовно се следат и е воспоставена координација со НАТО и со ОН, како и со семјите во регионот.
Сиљановска Давкова рече дека се анализираат и следат ризиците за можното влијание на економијата и на енергенсите, но дека сега засега нема проблем.
„Како претседателка имам цврсто уверување, индитуцуионално и документирано дека нема зошто да се грижиме. Ќе следиме и ќе рагираме соодветно“, рече таа.
Претседателката информираше дека под посебен безбедносен режим се и синагогите и музејот на холокаустот како места кои треба да бидат под надзор и заштита, дека се под контрола и дека не се очекува изненадување.
На крајот претседателката Гордана Сиљановска Давкова рече дека во вакви моменти кога брзо се менуваат настаните работата на новинарите е посебно важна и дека сега засега е се како што треба.