Сиљановска-Давкова присуствуваше на приемот кај Трамп по повод 80. Генерално собрание на ОН

Сиљановска-Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е во повеќедневна посета на САД, објави дека присуствувала на приемот што американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија го приредиле по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН).

Во објвата на социјалните мрежи, таа напиша:

Ми претставуваше чест да присуствувам на приемот што го приредија Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп, по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации.

Во овие турбулентни случувања во светот, важно е да не отстапиме од демократските вредности и да се обединиме во зачувување на глобалниот мир и безбедност. САД биле и остануваат наши искрени сојузници на овој пат.

Благодарност за гостопримството!

Зачлени се на нашиот е-билтен