Силниот ветер во Скопје откорна дрва на повеќе локации

Скопје

Центарот за управување со кризи во соопштениети за состојбата за поплавите и за последиците од силниот ветер на територијата на државата известува дека во Скопје и Гевгелија има паднати дрвја и кровови.

Тетовски регион

Во Тетово, патниот правец с. Тумчевиште – с. Чегране сè уште е затворен за сообраќај поради безбедносни причини.

Нивото на реката Вардар е намалено во однос на претходните три дена и во моментов нема опасност од излевање.

Во текот на ноќта, во селата Нераште и Глоѓи (Општина Теарце) паднати се две бандери од Телеком.
Во с. Нераште бандерата е падната покрај патот и не го блокира сообраќајот. Во с. Глоѓи бандерата е падната преку патот. Известен е Телеком, а проблемот ќе се решава во текот на денот.

Скопски регион

Во Скопје, како резултат на силниот ветер во скопската котлина, на шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.
За состојбата се известени СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности.

Во врска со поплавите од претходните денови во селата Чајлане, Буковиќ и Семениште, состојбата постепено се нормализира.

Кичевски регион

На територијата на Кичево се очекува понатамошна стабилизација на состојбата. Нема пријави за одрони на магистралните патишта и сообраќајот се одвива редовно.

Бројот на евакуирани лица останува непроменет – 250 лица (63 семејства), на кои редовно им се доставуваат храна, вода и неопходни средства. Екипа од Медицинскиот центар врши здравствени прегледи и дава соодветни совети на евакуираните лица.

Екипи на ЈП „Комуналец“ работат на расчистување и продлабочување на коритото на Зајашка Река, со поддршка од механизација на локални компании. Паралелно се врши чистење на фекалната и атмосферската канализација.

ТППЕ, со поддршка на пумпи од ПО ДЗС Кичево, продолжува со испумпување на водата од подрумите на улиците Прилепска, Пиринска, Први Мај, 29 Ноември и други локации каде има пријави за поплавени објекти.

Зачлени се на нашиот е-билтен