Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Сите се јавија само Вреди ги нема

Што вреди да се викаш Вреди како политичка партија, кога не можеш едно соопштение да срочиш. Има ли оваа „чисто албанска“ коалиција став по ова прашање на сквернавење на македонското знаме или нема. Чека ли ВМРО ДПМНЕ да им го напише?

Љубиша НИКОЛОВСКИ

Веројатно залудно ќе чека зашто за вакви прашања и ВМРО ДПМНЕ си има своја агенда.

Влен? Вреди, веројатно е сега во небрано, кого да обвини за ваквиот немил настан. Да ја нападне полицијата, како што тоа го направи ДУИ, нема да биде најсоодветно. Ќе се налути Тошковски и цела Влада. Да ги обвини оние Албанци што го оскврнавија македонското знаме дека се од ДУИ е неупатно и нема потврда дека е така, и можеби се од Вреди?!

Или, ним им е сеедно што некој го згазил македонското, државно знаме на денот на одбележување на албанското знаме. Па и така многумина од нив го немаат во канцелариите од каде владејат со македонската држава.

Зачлени се на нашиот е-билтен