Скопјанец возел 104 километри на час без возачка дозвола

МВР објави дека жител на Скопје бил фатен како вози со 104 километри на час низ населено место, каде што дозволена брзина е 50 километри на час.

М.Е. бил застанат од полицијата на булеварот „Александар Македонски“ вчера во 12:48 часот.

Покрај тоа што возел со голема брзина, М.Е. возел и без важечка возачка дозвола, поради што полицијата најави дека против него ќе биде поднесена кривична кријава за безобѕирно управување со моторно возило.

Зачлени се на нашиот е-билтен