Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Скопјани ќе останат најмногу 15 часа без вода, информираат од „Водовод“

ЈП Водовод и канализација – Скопје најави оперативен план за санација на главниот градски водовод, кој вклучува активности за модернизација и поправка на делови од инфраструктурата во Општина Ѓорче Петров и Карпош. Овие мерки се насочени кон подобрување на водоснабдувањето и притисокот во овие општини.

Според планот, предвидени се активности за санација на 6 критични сегменти, кои во последните децении бележат големи загуби на вода. Главната задача е да се поправат нефункционалните затварачки и да се обезбеди непречено снабдување со вода.

Тимови од ЈП Водовод и канализација ќе извршат следниве активности:

-Замена на затварач Ф400мм на кружниот тек во Ѓорче Петров.
-Репарација на затварач Ф600мм на мостот Обединети нации.
-Заптивање на затварач Ф700мм на булевар Партизански одреди и замена на затварач Ф150мм во истата шахта.
-Санација на затварачите Ф700мм и Ф500мм на ул. Никола Парапунов.
-Замена на 4 водушни вентили.

Планираните активности ќе започнат на 21 декември, со утрински старт, кога сите екипи на Секторите ЕОК, Механизација и Водовод ќе бидат распоредени на локациите. Процесот на празнење и полнење на магистралниот водовод ќе трае најмногу 15 часа, а по неговото завршување се очекува стабилизација на снабдувањето со вода.

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелираат до јавноста да не се предизвикува паника поради привременото прекинување на водоснабдувањето и ја истакнуваат важноста на овие активности за спречување на дефекти како што се случи во Тетово, Битола, Штип и Неготино, каде што водата не беше достапна со недели поради несанирани дефекти.

За сите прашања во врска со текот на операцијата, граѓаните ќе можат да добијат информации во текот на целиот процес на санација.

Зачлени се на нашиот е-билтен