Скопјани на плоштадот „Македонија“ им оддаваат почит на жртвите од пожарот во Кочани

Денеска, граѓаните на Скопје се собраа на плоштадот „Македонија“ за да оддадат почит на загинатите во трагичниот пожар што избувна на 16 март во клубот „Пулс“ во Кочани. Бројни скопјани запалија свеќи и се присетија на жртвите од оваа ужасна трагедија.

Во Кочани, Штип, Облешево и Скопје се одржуваат погребните церемонии за починатите. Погребната церемонија во Кочани, каде потекнуваат повеќето од жртвите, е закажана за 12 часот, а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан.

Пожарот, кој избувна во 2:35 часот на 16 март, се случи за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата животот го загубија 59 лица, вклучувајќи осум членови на групата ДНК. Меѓу жртвите има шест лица помлади од 18 години, а најстариот имаше 48 години. Пожарот предизвика и повреди на над 180 лица, од кои некои се лекуваат во болници во земјата и во странство. Во Македонија се лекуваат 72 пациенти, а 101 пациент се лекува надвор од земјата. Три лица веќе се пуштени на домашно лекување.

Зачлени се на нашиот е-билтен