Скопје, Европска престолнина на – ѓубрето, само два дена после изборите. Само така може да се оцени состојбата во главниот град, капиталот на Република Северна Македонија, држава за која нејзините граѓани велата дека е во срцето на Европа.
Овие фотографии се направени само во должина од два километри на главниот булевар, главната сообраќајна артерија на градот низ која поминуваат илјадници возила дневно и многубројни авотбуси со туристи.

Само два дена требаше да поминат за градоначалничката на Скопје да ја испорача својата одмазда. Не дека беше поарно и претходно, но овој пат потписот на Данела Арсовска е ставен на ѓубрето низ целиот град на местата каде што треба да го собира градското јавно претпријатие.

Интересни се и мислењата на граѓаните. Сите поминуваат покрај овие грди хигиенски закани и имаат различни коментари и мислења. Некои е срамно да се повторат.
Еве дел од мислењата зошто е ова вака:
Едни велат „ни го носат ѓубрето од другите општини“. Кога ги прашавме како го изведуваат тоа во центарот на градот да истоварат толкави количини без никој да ги забележи, само слегнуваат со рамениците.
Други велат, „ова е масло на партиите што се против ВМРО-ДПМНЕ“ за да не може Орце Ѓорѓиевски да го исчисти сметот за 72 часа. Овие не ни ги прашавме како е тоа можно и каква е логиката на таквата заговорничка идеја.

Како и да е, доколку продолжи оваа состојба, Скопје наскоро ќе биде задушено од ѓубре само заради инаетот на Данела Арсовска која, да не заборавиме, беше донесена на чело на градската власт благодарение на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски за таа катастрофална грешка се извини, но извинувањето не го чисти ѓубрето.