Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Скопје испрати пожарникари во Газиантеп а утре ќе донесе одлука и за 100 илјади евра парична помош

Како првична и интервентна мерка градот Скопје испрати екипа на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје кон Газиантеп каде ќе биде ставена на целосно располагање на турските власти за сите потреби на спасувачката акција.

На утрешната седница на Советот на град Скопје, како што соопштија пред малку од градот, предложена е и точка на дневен ред за одобрување на 6 милиони денари првична хуманитарна помош за Турција и Сирија.

„Во контакт сме и со локалните власти од Газиантеп, и се што ќе произлезе како потреба на тамошните власти, градот Скопје го става на располагање“, нагласуваат од раководството на главниот град со коментар дека „Скопје знае што значи солидарност и Скопје е град на солидарноста!“

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново