Скопје попладнево беше парализирано од сообраќаен метеж. Автомобилите се движеа со огромно доцнење, а минувањето низ крстосниците беше речиси невозможна мисија.
Причина за ваквата состојба беше силниот дожд, но и протестот на жителите од Аеродром против депонијата Вардариште. Демонстрантите, согласно најавата, од 15 до 18 часот ја блокираа клучната раскрсница кај мостот „Киро Глигоров“, што ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба – најпогодени од загадувањето и чадот од депонијата.
Сообраќајниот колапс најмногу се чувствуваше во центарот на главниот град, каде улиците беа претворени во километарски колони.
(Фото: Независен.мк)