„Скопје разбуди се. Дојди и приклучи се!“, ечеше низ улиците на маршот на „Стоп за Усје“, кој денеска започна пред Владата, продолжи пред Собранието и заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во колоната во која зедоа учество нешто повеќе од 1000 граѓани доминираа пораките: „На хартија бело, во дробови црно“, „Ваши тајни деловни за наши бели дробови“, „Профит за Усје, болест за народот“, „Сакаме иднина во која се дише слободно“.

Власта го признава проблемот, а не нудат никакво решение, ниту рок кога ќе го решат. Не само што не нѐ заштитуваат туку се и во функција на ПР на Усје. Нив ги штитат наместо нас.
Ова е пораката на активистите од „Стоп за Усје“.
„Секој од нас што денеска излезе од дома и ни се продружи овде, веќе направи разлика. Самото наше присуство е порака дека народот е свесен и спремен. Сведоци сме како владата не прави ништо со загадувањето. Дури ни во екстремно загадените денови не се преземаат никакви мерки за наша заштита. Го признаваат проблемот, а не нудат никакво решение, ниту рок кога ќе го решат. Не само што не нѐ заштитуваат туку се и во функција на ПР на Усје. Нив ги штитат наместо нас“, порачаа од „Стоп за Усје“.

За време на протестот, граѓаните изразија сомнеж во веродостојноста на официјалните мерења на загадувањето, тврдејќи дека тие не ја прикажуваат вистинската состојба на теренот. Тие побараа не преземаат соодветни мерки за да го спречат негативното влијание на индустриските објекти врз животната средина.