Скопје во недела под блокада – градот повторно сообраќајно парализиран

По двата дена сообраќаен хаос, скопјани и во недела ќе се соочат со уште поголеми ограничувања. На 5 октомври, со почеток во 08:00 часот, ќе се одржи „Скопскиот маратон 2025“, на кој се најавени трки на 5 километри, полумаратон, маратон и штафетна трка.

Трасата на трката од 5 километри стартува на улица „11 Октомври“ кај Зелен пазар, со движење низ булеварите „Крушевска Република“ и „3-та Македонска Бригада“, а целта е поставена на плоштад „Македонија“. Главните трки – маратонската, полумаратонската и штафетната – ќе започнат пред Собранието на РСМ, ќе поминуваат низ центарот и дел од Аеродром, а финишот повторно ќе биде на плоштад „Македонија“.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат посебен режим на сообраќај, со пренасочување на возилата по алтернативни улици. Граѓаните се повикуваат да ги почитуваат насоките на полицијата и да покажат трпение за да се овозможи безбедна реализација на маратонот.

Зачлени се на нашиот е-билтен