Скопје започнува изработка на стратегија за зголемување на безбедноста во сообраќајот

Заложници
Камениот мост во Скопје со спомениците на Св. Кирил и Методиј и Св. Климент и Наум, кои беа дел од проектот Скопје 2014 на ВМРО-ДПМНЕ | Фото: Мета.мк, декември 2025 г.

Град Скопје започна процес за изработка на Градска стратегија за безбеден сообраќај, во рамки на програмските определби на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Стратегијата ќе се базира на концептот „Визија 0“ и ќе предвиди повеќегодишни мерки и активности за периодот од 2026 до 2030 година, со цел намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви. Посебен фокус ќе биде ставен на заштитата и безбедноста на децата како најранлива категорија учесници во сообраќајот.

Документот се очекува да опфати активности насочени кон унапредување на сообраќајната инфраструктура, едукација на учесниците во сообраќајот, засилени контролни механизми, како и систематска анализа на сообраќајните незгоди. Во стратегијата ќе бидат дефинирани и конкретни цели и мерки по фази, со јасна временска рамка за нивна реализација.

Зачлени се на нашиот е-билтен