Скопски таксист им одзел 2000 денари и 50 евра на турски државјани

таксист

Во билтенот на МВР е забележано дека на 06.01.2026 во 22:20 часот во СВР Скопје А.Ј.Е.(27) од Р.Турција пријави дека околу 19:15 часот, пред трговски центар на подрачјето на Гази Баба, заедно со неговата сопруга се качиле во такси возило со крајна дестинација на подрачјето на Бит Пазар.

Откако пристигнале, патниците извадиле 2000 денари и 50 евра и го прашале скопскиот таксист колку треба да платат за услугата, а ово му ги одзел парите и ги избркал од возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Зачлени се на нашиот е-билтен