Слаб земјотрес почувствуван во кичевскиот регион, епицентарот во Општина Дебрца

Рано изутрина, во 1:23 часот, беше регистриран слаб земјотрес во западниот дел на државата, во пошироката околина на Кичево, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Потресот бил со јачина од 2 степени по Рихтер и забележан на длабочина од околу 15 километри. Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот се наоѓал околу 15 километри југозападно од Кичево.

Земјотресот го регистрирал и Институтот за геолошки науки во Тирана, кој наведува дека епицентарот се наоѓал на територијата на Општина Дебрца, регион кој и претходно бил активен на сеизмолошките мапи.

Засега нема пријавени штети или други последици од земјотресот.

Зачлени се на нашиот е-билтен