Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Славчо Димитров од Маргини: Безбедноста на ЛГБТИ лицата не е важна за министерката за образование

„Очигледно за министерката за образование ЛГБТИ и квир децата не се деца. Нивната безбедност не само што е небитна (иако се најнебезбедни и изложени на булинг и насилство), туку истите ги претстави како ЗАКАНА ЗА БЕЗБЕДНОСТА на имагинарното стрејт дете“ напиша Славчо Димитров од Коалиција Маргини.

Тој се осврна на говорот на министерката на состанокот за соработка на Владата со граѓанскиот сектор, на кој министерката продолжи со нејзината кампања на загрозување на безбедноста, менталното здравје, животот и заштитата на младите ЛГБТИ и квир деца.

„Имено, непрестано укажуваше дека ја брише родовата еднаквост, и родот, сексуалната ориентација и родовиот идентитет од Законите за основно и средно образование за да ја заштитела БЕЗБЕДНОСТА на децата и сигурноста на родителите“ напиша Димитров.

Тој додаде дека министерката подгорува параноја и паника за опасните квир деца и со тоа поттикнува насилство врз нив и параноидна агреса за заштита од имагинарниот непријател.

„Важно во меѓувреме децата ќе страдаат од сиромаштија и ќе се гушат од загаден воздух, во уништен образовен систем кој продуцира армии на неписмени млади“ напиша Димитров.

Зачлени се на нашиот е-билтен