Во ЈП Лајка, Скопје, беше донесено куче во тешка состојба и во бессознание, жртва на свирепо насилство, но по два дена неизвесност кучето Феликс покажува знаци на подобрување. „Утрово нè разбуди најубавата слика“ велат од ЈП Лајка.
Деновиве осамна информација која ја згрози македонската јавност, претепано куче беше однесено во ЈП Лајка, претпријатие за хуман третман и благосостојба на бездомни кучиња.
Тие за ова ја известија македонската јавност преку објава на нивниот Фејсбук профил:
„Вчера во прифатилиштето на ЈП Лајка, Скопје беше донесено куче во тешка состојба и во бессознание, жртва на свирепо насилство.
Кучето, среден раст на возраст до 2 години беше примено од наша страна во животно-загрозувачка, полусвесна состојба, со видливи повреди на телото, особено на главата, контузии на главата и оток, со крварење, тешко дишење и посекотини од остар предмет.
Човекот кој го донесе кучето посведочи дека тоа се здобило со најмалку 10 удари со метален предмет во пределот на главата.
Претепаното куче е под ветеринарен надзор и терапија во ЈП Лајка, но неговата состојба е неизвесна.
Вакви монструозни дејства не смеат да поминат неказнети“.
На оваа објава реагираа многу Македонци, а еден од нив беше и дечкото со картони Бомбакис:
Но, денес (21.11) од ЈП Лајка објавија и среќна вест, односно дека кучето закрепнува:
„Закрепнува кучето
После два дена неизвесност утрово нè разбуди најубавата слика, Феликс покажува знаци на подобрување.
Посилен од 20 удари со метална шипка, срце на јунак и покрај монструозното насилство кое го доживеа Феликс денес се гали, се радува на човечки допир и ни верува дека сме тука за да му помогнеме.
Се надеваме дека полека излегуваме од критичната фаза, иако постојано е под терапии заради оток на главата, потрес на мозок и неконтролирано мокрење.
Важно е дека е свесен и респонзивен. Ви благодариме на поддршката, сите пораки и желби за Феликс“.