Три лица го загубија животот, а осум се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на патот Кичево – Гостивар, меѓу Кичево и селото Трапчин Дол, во близина на местото познато како Сеферов Бунар.
Според првичните информации од Секторот за внатрешни работи Охрид, во несреќата учествувале три возила. Повредените лица се пренесени во болницата во Кичево и на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
„Во ОВР Кичево вечерва во 20:55 часот е пријавено дека на патниот правец Кичево – Гостивар, помеѓу Кичево и селото Трапчин Дол, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила. Според досегашните информации, тројца лица починале, а осум се повредени“, информираа од СВР Охрид.