Буџетската сметка преку која се вршат сите плаќања кон доверители, се делат плати на вработени, се префрлаат пари за субвенции на јавните претпријатија е блокирана поради долг на Градот. Извори за Сакамдакажам.мк велат дека блокадата е поради тужба кон Градот за предмет од пред 10 години, во време кога градоначалник беше Коце Трајановски, за кој судскиот процес завршил пред извесно време и сега со присилна наплата се повлекуваат парите.
Но треба да поминете голгота и пак да не добиете информации од Градот Скопје. Градска.мк ги консултираше сите сектори за да ја потврди оваа информација, но од одделот за информации за граѓаните рекоа дека не се надлежни да даваат такви информации. Истото го тврдеа и од секоторот за финасии, додека пак од кабиентот на градоначалничката Данела Арсовска никој не го ни крена телефонот, иако ги баравме за време на работно време. Она што е шокантно е и дека советник од одделението за односи со јавност кој не се претстави на канцеларискиот телефон посочи дека тој не смее да дава информации, па да ја побараме неговата шефица Кристина Депо, која Арсовска ја назначи за да го подобри односот со медиумите пред извесен период. Сепак таа беше недостапна на телефонот, а сакавме да ја прашаме и со кои пари го плати селективниот брифинг со новинарите во ексклузивниот ресторан „Воденица“ ако Град Скопје е пред банкрот.
Според неофицијални информации, Градот извесен период е во лоша финансиска состојба, односно е пред банкрот бидејќи на сметките на Градот многу често немало доволно пари и да се исплатат и платите на вработените и затоа се доцни.
Извор: Градска.мк / Соња Танеска