Филип Кузмановски погоди во последната секунда од огромна далечина за да го изедначи резултатот 29:29 против Австрија со што Македонија има два поени во главната рунда од Светското ракометно првенство кое се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
Македонија и Австрија одиграа одличен натпревар за неутралната публика, кој беше доста изедначен и во кој и двете репрезентации имаа периоди кога беа во предност.
На полувремето Австрија беше репрезентацијата која имаше предност од 14:13, но таа предност беше стопена во вторито дел, кога Македонија имаше и предност.
Сепак, Австрија дојде до предност од 29:28 на само 5 секунди пред крајот на натпреварот, но капитенот Кузмановски успеа да го изедначи резултатот во самиот финиш на натпреварот.
Играч на натпреварот беше прогласен Лукас Хутецек од Австрија, кој постигна шест голови. Најмногу голови за Македонија постигна Пешевски, пет.
Со овој резултат, Македонија има два поени на табелата во главната рунда и престојат натпреварите против Катар и Франција.