Со вечерни богослужби започнува одбележувањето на Успение на Пресвета Богородица

Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка
Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка

Во пресрет на утрешниот празник Успение на Пресвета Богородица во истоимениот манастир кај Матка во 18:30 часот ќе се одржи вечерна богослужба, а во 22:45 часот ќе започне сеноќното бдение. 

Утре, на самиот празник Успение на Пресвета Богородица во 8:30 часот ќе започне светата божествена литургија, која поради големиот број верници ќе биде во дворот на манастирот. 

Традиционално во манастирот на празникот се одржува и крводарителска акција, како и сенароден собир, на кој се дели празничен ручек. 

Сеноќни бдеења ќе се одржат во повеќа манаистири во земјата посветени на Пресвета Богородица.

Зачлени се на нашиот е-билтен