Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Со видео запис е одбележан почетокот на проектот за зајакнување на капацитетите на централните банки во земјите од Западен Балкан

Почетокот на тригодишната Регионална програма финансирана од ЕУ, чија цел е поддршка на централните банки и банкарските супервизорски агенции во земјите од Западен Балкан, кандидати и потенцијални кандидати за влез во ЕУ, е одбележано и со посебен билтен и видео, подготвени од Банката на Италија како домаќин на почетната средба, одржана во септември 2022 година, објавува НБРСМ.

Регионалната програма е во износ од 3 милиони евра, коишто се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и претставува продолжение на слична иницијатива и проектни активности кои беа  успешно завршени во 2021 година.

„Успехот на Првата регионална програма создава големи очекувања за следната, каде заедничките обуки се прошируваат на дополнителни 6 области на работење“ истакнува во видеото Даниела Парат Јовановска, советник-експерт во Народната банка, додавајќи дека билатералните мерки се прилагодени и даваат простор за длабинско насочено подобрување во областите избрани од самите централни банки. 

Носители на програмата се Дојче Бундесбанк, заедно со 19 национални централни банки на Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) и Европската централна банка (ЕЦБ). Преку билатерална соработка и активнoсти и испорачани обуки, програмата ќе придонесе кон понатамошно јакнење на институционалните капацитети на земјите – крајни кориснички, особено преку унапредување на нивните аналитички алатки и политики и преку пренесување на најдобрите меѓународни и европски стандарди во националните практики. Корисници на програмата се Банката на Албанија, Централната банка на Босна и Херцеговина, Агенцијата за банкарство на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Агенцијата за банкарство на Република Српска, Централната банка на Република Косово, Централната банка на Црна Гора, Народната банка на Република Северна Македонија и Народната банка на Србија.

Зачлени се на нашиот е-билтен