Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Собраниска седница по повод шеесетгодишнината од скопскиот земјотрес

Собранието денеска ќе одржи седница со која ќе се  одбележи шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.

На 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, со помали потреси до пет часот и 43 минути. Животот го загубија 1 070 лица, а 3.000 беа повредени, а притоа, беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200 000 луѓе остана без покрив над главата.

По трагедијата на Скопје, Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. 

Обединетите нации презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град.

По оваа седница Собранието ќе ја продолжи 121. седница.

Зачлени се на нашиот е-билтен