Неколку илјади граѓани синоќа се собраа пред Судската палата во Софија, каде со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пренесе БГНЕС.
Денес, Кочани со солзи и болка се простува од младите животи згаснати во пожарот на 16 март – најголемата трагедија во историјата на градот. Загинаа 59 млади луѓе, повеќето на возраст од 14 до 25 години.
Меѓу жртвите, најголем број се од Кочани, но и од Чешиново-Облешево, Штип, Скопје и други градови. Тишината што завладеа во Кочани сведочи за длабоката тага што го обви градот, кој жали за својата изгубена иднина.
Илјадници граѓани низ Македонија со мирни собири им изразија сочувство на семејствата на загинатите.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна во раните утрински часови на 16 март, при што 59 лица го загубија животот, а повеќе од 160 беа повредени. Најтешко повредените се транспортирани на лекување во странство.