Сојузот на извидници на Македонија со подготовки за Светскиот ден на извидниците

извидници

Сојуз на извидници на Македонија (СИМ) подготвува програма за одбележување на Светскиот ден на извидниците, 22 февруари.

Програмата прдвидува:

Кампања „Направи добро дело“ – Преку која ги индетификуваат потребите восвојата локална заедница и придонесуваат кон нејзино подобрување преку правење на добротворни кампањи, иницијативи кои се спроведуваат во текот на целиот месец. Оваа година секоја седмица имаме посебна тема за добри дела: Направи добро дело за себе, за другите (заедницата), за околината и за културата и традицијата. Со тоа 4 недели извидниците ќе се активни во својата заедница правејќи и промовирајќи добри дела.

Крводарителски акции – Во соработка со Црвениот крст, извидничките одреди низ целата држава организираат крводарителски акции со цел подигање на свеста за значењето на крводарувањето и солидарноста. Оваа година, централната крводарителска акција во Скопје ќе се одржи на 20 февруари 2025 година во Младински Центар Матично.

Централна прослава – Централното одбележување ќе се одржи на 22 февруари 2025 година во Кичево – каде што извидници од целата држава ќе се соберат на едно место за заедничко одбележување на Денот на извидниците, свечено давање на извиднички завет и реализација на пригодна културно-забавна програма.

Сојуз на извидници на Македонија (СИМ) е младинска чадор организација основа во 1953. Како организација со повеќе од 70 годинии традиција и искуство преку промовирање на мир, животни вештини и позитивни вредности кај деца и млади на територија на целата држава.

Денес СИМ ја спроведува својата програма речиси на целата територија на Република Северна Македонија и претставува најголема младинска чадор организација на активни 20 извиднички одреди. Во моментов на извидничките одреди на СИМ, извидничката програма следат повеќе од 3000 деца и млади. Сите извиднички одреди членки согласно извидничкиот завет и закони, практикуваат програми кои кај младите развиваат вештини и поттикнуваат градење на животни вештини.

Во процесот на постигнување на целите, СИМ, како организација е членка на најголемата младинска фамилија и едукативна организација во која членуваат повеќе од 57 милиони млади, од повеке од 180 држави и територии низ светот.

Зачлени се на нашиот е-билтен