Солидарност со вредностите на Парадата на гордоста „Скопје прајд“ преку фотоактивизам

Фото: Ванчо Џамбаски, https://www.flickr.com/photos/fosim/albums/72177720327043729
Фото: Ванчо Џамбаски, https://www.flickr.com/photos/fosim/albums/72177720327043729

Во знак на солидарност со барањата за заштита на човековите права, фотографот Ванчо Џамбаски објави фотогалерија со 785 фотографии од протестот „Парада на гордоста“ или „Скопје прајд 2025“ кои се слободни за преземање и реобјавување.

Протестниот марш „Скопје прајд 2025“ се одржа на 21 јуни во Скопје, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Учесниците се спротивставија на растечките тенденции на негирање на идентитетот и постоењето на ЛГБТ заедницата и неказнивост за насилство и криминал, кои ги сметаат за карактеристика на антидемократски режими. Извикувајќи антифашистички пароли, на протестот учесниците побараа општествена акција за решавање и на низа други горливи проблеми почнувајќи со барање одговорност за трагедијата во Кочани преку скандирање „Правда за Кочани“, до поддршка за прекин на војната во Палестина.

V19_3774

Маршот започна од паркот „Жена-борец“, по што се движеше низ централното градско подрачје на Скопје по улиците „Димитрие Чуповски“, „Св. Климент Охридски“,  „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „Френклин Рузвелт“ и „Илинденска“, со запирања пред Министерството за образование и наука и Владата ма Република Северна Македонија.

Фотоактивизмот нуди можност за граѓаните кои би сакале да ја искажат својата поддршка за семејствата на настраданите да го сторат тоа преку споделување на фотографии, видеа или линкови за настаните на кои не можеле да присуствуваат лично.

Така, фотографиите од галеријата за „Скопје прајд 2025“ може бесплатно да се користат и од комерцијални и од некомерцијални медиуми, како и од индивидуи на социјалните мрежи, под единствен услов при објавување да се наведе и името на авторот, и по можност, линк кон изворот.

По објавувањето на галеријата, низа граѓани што учествуваа на протестот или не можеле да бидат присутни но сочуствуваат со жртвите, почнаа да го споделуваат линкот или поединечни слики.

Ваквиот вид активизам претставува и поддршка за работата на непрофитните, малите и локалните медиуми, кои немаат можност да испратат фоторепортери на настани, поради ограничени финансиски и човечки капацитети.

Со објавување фотографии кои се слободни за користење им се помага и да избегнат ризик од тужби од комерцијалните фотографи и фотоагенции, чии слики објавени на интернет може да ги преземат без дозвола. Преземањето без дозвола ги изложува медиумите на тужби, бидејќи освен ако не е јасно назначено дека може да се употребат, се подразбира дека фотографиите „од интернет“ се заштитени според Законот за авторски и сродни права.

Означувањето на фотографии слободни за преземање се користи преку нивно примена на лиценци Криејтив комонс, како во случајот на Џамбаски, или други лиценци како GNU, или пак давање во Јавен домен. Еден важен светски ресурс кои ги користи ваквите лиценци е Википедија.

Зачлени се на нашиот е-билтен