Денеска во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време, со слаб до умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат меѓу 10 и 20 степени, а дневните ќе достигнат од 31 до 38 Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со минимална температура од 18 и максимална од 37 степени Целзиусови.
Според метеоролозите, под влијание на многу топла воздушна маса од југ, утре и во текот на целата наредна седмица ќе продолжи периодот на претежно сончево и многу топло време. Дневните температури ќе бележат пораст, а од недела насекаде ќе бидат над 30 степени, со локални максимуми и до 40 степени Целзиусови.