Сончево и топло, од утре и наредната седмица екстремно топло

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). 

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

УХМР најави дека под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Екстремно топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, на повеќе места ќе надминува 35, а наместа ќе биде и над 40 степени.

УВ индексот ќе има многу висока до екстремно висока вредност и ќе изнесува 9.

Останува и понатаму предупредувањето и препораките до кои граѓаните треба да се придржуваат во вакви услови и доколку немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), како и да пијат повеќе течности.

Зачлени се на нашиот е-билтен